Почнува новиот циклус на предавања за трудници
В среда стартуваме со темата „Промени и задолжителни скрининзи за време на бременоста“, а предавач е д-р Ирена Шуплиновска-Јорадановска, гинеколог-акушер. Во наредното предавање, пак, ќе дознаете кога се прави фетална ехокардиографија и зошто овој преглед е еден од најбитните за трудницата и бебето.
